December 3, 2023

Според истражувањата, строгите мајки имаат подобри деца и подобро ги подготвуваат за сите животни предизвици!

Дали мислите дека вашите родители биле премногу строги кога сте биле дете? Ако е така, тие веројатно секојдневно биле фокусирани за вашата иднина, како и редовно да ја чистите вашата соба и секогаш да ја извршувате домашната задача на време. Многу луѓе пораснаа со строги родители кои правеа да се чувствуваме како да не казнуваат цело време.

Иако е тешко да се издржи постојаното досадување, експертите тврдат дека строгите и напорни родители всушност воспитуваат успешни и независни деца. Колку и да мислиш дека ти било тешко детството , еден ден ќе и се заблагодариш на мајка ти за тоа.

Професор на Универзитетот во Есекс спроведе студија во која беа опфатени повеќе од 15.000 деца на возраст од 13 до 14 години во период од 6 години. Студијата покажа дека поуспешните луѓе имаат мајки кои бараат многу .

Децата кои биле побезбедни и посамоуверени имале строги мајки со големи очекувања. Овие деца имале поголема веројатност да го завршат факултетот и да добијат добра работа , благодарение на особините и навиките што им ги всадила нивната мајка додека растеле.

Децата кои имаат строги мајки понекогаш ги сметаат за непријатели , но подоцна во животот сфаќаат дека тоа било за нивно добро. Порано или подоцна, ќе сфатите дека мајка ви ве воспитала правилно и добро ве подготвила за она што следува во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *