June 19, 2024

Неименувана жена забележала дека нејзиниот сопруг почнал да се однесува поинаку, повеќе внимавал на својот изглед, купил спортски автомобил. Видела дека е во средовечна криза. Отпрвин не била загрижена, додека во неговиот мобилен телефон не пронашла фотографии од многу помлада жена.

Мојот сопруг вели дека јас сум виновна за неговата афера, но знам дека тоа се случи поради неговата средовечна криза. Го оставив после тоа, по 25 години брак. Тој има 55, јас 54. Уморна сум да бидам негова сопруга со која „долго време се мачи“.

Се започна кога наполни 50 години. Дотогаш бевме доста среќни, со малку мака. Живеевме убав, пријатен живот заедно. Но, одеднаш почна да покажува прекумерен интерес за својот изглед. Тој дури почна да истражува и теми за трансплантација на коса.

Потоа отиде во теретана, купи нова облека и – како средовечен машки клише што стана – одлучи да купи скап спортски автомобил. Сето тоа прилично ме забавуваше додека не почна да се однесува мистериозно. Намирисав на афера – напишала жената и додала:

Не помина многу време кога фотографиите на неговиот мобилен телефон потврдија дека сум во право. Тоа беа фотографии на многу помлада жена. Отпрвин негираше се и се обидуваше да ме убеди дека тоа е негва пријателка од работа. Но, тој го сокри нејзиниот број под друго име за да ми стане се јасно. Бев скршена.

Се чувствував толку изневерено. Да се ​​покаеше, можеби ќе му простев, но наместо да ја признае вината, ме обвини за својата прељуба. Ми кажа дека тоа го направил затоа што не сум покажала интерес за него.

Очигледно не му го масирав доволно егото, додека друга жена го направи сеkси, згоден и паметен. Му реков дека сакам развод. Најдов гарсоњера и ги спакував куферите, но сега тој ме моли да не си одам. Признавам дека се чувствувам толку тажно, што не знам како ќе го преболам сето ова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *