
Финските експерти во новата студија покажаа дека замената на сточарските производи со протеини од инсекти ќе ги намали последиците од земјоделството врз глобалното затоплување и загадувањето на водата и почвата за 80 отсто.




Тие користеле компјутерски модели за да ја одредат оптималната комбинација на диети кои би ги задоволувале сите потреби за исхрана, притоа минимизирајќи го влијанието врз животната средина, потрошувачката на вода и загадувањето на почвата.




Тие дојдоа до заклучок дека ако луѓето во Европа ги заменат месото и млечните производи со други алтернативни извори на хранливи материи, ќе има значително намалување на негативните влијанија врз природата .




Дополнително, експертите од Универзитетот во Хелсинки велат дека вегетаријанците и веганите покажале какви здравствени и еколошки придобивки може да произлезат од намаленото консумирање месо.




Не само што префрлањето на „храна на иднината“, како што се инсектите и протеините од печурките, може да ги задоволи потребите, туку и да придонесе за подобар внес на основните хранливи материи. „Храната на иднината“ е и многу поефикасна за одгледување, односно троши помалку вода и зафаќа помалку простор.




Глобалниот систем за производство на храна се соочува со обезбедување здрава и соодветна исхрана преку најодржливи начини, што во голема мера се влошува со климатските промени и зголемената побарувачка за протеини од страна на растечката светска популација – велат финските експерти.




Со замена на храната што доаѓа од добиток со нови извори на хранливи материи, негативното влијание врз животната средина би се намалило за 80 отсто, а во исто време би се задоволувале сите човечки потреби.