May 21, 2024

Здрав како дрен, се кажува за личноста која нема никакви здравствени проблеми. Кај нас добро е познат значајот на билката дрен (Corpus mas), , позната е уште од античките времиња. Расте секаде, најмногу на суви, сончани и карпести страни на листопадните шуми. Цвета во февруари и март, а созрева од јули до октомври. Плодовите се темно црвени, а вкусот им е кисел и благ.

Содржат големо количество на природни шеќери, органски киселини, пектини, танини и извонредно многу витамин Ц. Во дренките има дупло повеќе аскорбинска киселина отколку во портокалот. Плодовите можат да се јадат и во свежа состојба, можат да се замрзнат, сушат или преработат во мармелад, компот, овошен сок. Меѓутоа иако се знае дека ова шумското овошје е вкусно, хранливо и здраво, не се користи доволно.
Дрен или обичен дрен (науч. Cornus mas) — вид цветно растение од семејството дренови (Cornaceae), native јужна и југоисточна Европа (од Франција до Украина вкл. Македонија), Ерменија, Азербејџан, Грузија, Иран, Турција, Либан и Сирија.

Ова е средна до голема листопадна грмушка или мало дрво кое достигнува висина од 5–12 м и има темнокафеави гранки и зеленикави ластегарки.
Листовите се спротиставени, долги 4–10, а широки 2–4 см, со јајчест до издолжен облик и истакнати жили. Цветот е мал (5–10 мм во пречник) со четири жолти ливчиња, во китки од по 10–25 дозна во зимата, далеку пред појавувањето на првите листови.

Плодот (дренката) е долгнавест и црвен, со должина од 2 см и пречник од 1,5 см и има една семка. Во народната мудрост, дренот е поим за сила здравје поради неговата цврстина и издржливост, па оттука и познатата изрека „здрав како дрен“.
Плодот на дренот се нарекува дренка и узрева кон средината или на крајот на летото. Дренките се познати во исхраната на Балканот и западна Азија, но не се јадат пред да узреат, односно кога ќе паднат од дрвото. Зрелата дренка е темноцрвена или светложолта по боја, има кисел вкус (нешто меѓу брусница и вишна) и се користи за добивање сок и мармалад, но се јаде и исушена и се користи за правење на ракија „дренковица“. Содржи исклучително многу витамин Ц и затоа се зема против настинка и грип. Наоѓа примена и во традиционалната кинеска медицина.

Лушпата од плодовите поседува противомикробно дејство спрема различни бактерии кои предизвикуваат гастроинтестинални инфекции.Екстракти од овошјето и кората на младите гранчиња ја намалуваат телесната температура. Околу 1 лажица плодови од дрен се варат во текот на 5 минути во 300 мл вода. Се пие по 1 чашка пред јадење 3 пати на ден, при диарични состојби.

Подгответе сок од дренки
За подготовка на овој сок потребно е 4,5 литри вода, два килограми зрели дренки и килограм шеќер. Дренките се мијат, сечкаат и се додаваат во три литри зовриена вода. Се варат 20 минути, потоа се тргнуваат од ринглата, се оставаат да се оладат и на крај се пасираат. Ова смеса во преса или газа се прелива со останатата вода, се враќа на ринглата и се вари уште 15 минути. Постапката со ладењето и пасирањето се повторува.

Потоа се се меша, се додава шеќер и на ниска температура уз постојано мешање, се чека шеќерот да се стопи. Дури тогаш температурата се зголемува и сокот се вари уште 10 минути. Сокот се турва во измиени и жешки шишиња, кои потоа херметички се затвараат. Кога еднаш шишето ќе се отвори, би требало да се чува во фрижидер. Поради јаката концентрација се разблажува со обична или кисела вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *