June 20, 2024

„Постои голема можност да се појават бактерии кои можат да предизвикаат стомачни проблеми.
Скоро сите оставаме млеко на вратата од фрижидерот. Сепак, постои причина зошто не треба да го правиме ова.

Имено, експертите велат дека млекото ќе трае подолго доколку не го оставиме на вратата од фрижидерот и дека има помали шанси да се расипе.

“Вратата е значително потопла од останатиот дел од внатрешноста на фрижидерот. Доколку сте забележале дека млекото брзо се расипува, ставете го на средина бидејќи е најладно”, велат експертите.

Сосовите имаат подолг рок на траење за да можат да стојат на вратата. Сепак, секогаш внимавајте фрижидерот да не е преполн.

Ако ги наредените производите еден врз друг, ќе се спречи циркулацијата на студениот воздух. Тоа значи дека фрижидерот ќе биде преоптоварен и храната побрзо ќе се расипува.

Значи, голема е можноста да се појават бактерии кои можат да предизвикаат стомачни проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *