July 18, 2024

Што значи кога ќе ви каже дека не сака врска? Дали треба да чекате или едноставно да не започнете ништо и да продолжите понатаму? Зошто жените веруваат дека можат да го променат непроменливото?

Ќе запознаете маж кој ќе ви биде прекрасен, ќе ви се допадне и се ќе изгледа како врска, но тоа нема да се вика така… Ќе поминувате време заедно и тогаш кога ќе започнете сериозен разговор ќе ви каже дека не сака врска.

Сигурно секој од нас се нашол во една таква ситуација. Се прашувате зошто се случува ова и како тој ве гледа. Можеби се плашите да се запрашате: “Дали тој само ме искористува?”

„Не сакам врска.“ Да, тоа ти го кажа на почетокот, но ти не сакаш да слушаш и се надеваш дека тоа ќе се промени. Тој едноставно не сака ништо сериозно, му се допаѓате и сака да поминува време со вас, но тоа не треба да се нарекува врска. Сака се освен поврзаност и сериозност. Оваа причина е навидум едноставна, но всушност сложена и произлегува од различни, не така споредни околности, а главно се должи на долгите врски, лошите искуства и незрелоста.

Следната причина да бегате од сериозноста и новите врски е стравот. Можеби само се плаши дека сè ќе стане поинаку во моментот кога ќе стане официјално. Свесни сме дека сè добива поинаква димензија кога околностите се менуваат. Во моментот кога сте во врска повеќе ќе му се јавувате, ќе барате премногу информации, ќе мора да се појавувате заедно на разни настани, а тој тоа не го сака. Ќе ви залади и се ќе заврши брзо само затоа што стана официјализирано.

Друга причина е несигурноста. Можеби не е сигурен во чувствата кон вас и не знае како да се постави или како да го спречи сето она што го започнал.

Ова е специфичен тип на личност кој стана многу застапен, но сите бараат партнер кој ќе биде посветен. Во изминатите 250.000 години, жените отсекогаш биле опишани како суштества кои мора да имаат маж покрај себе за да преживеат. За жал, тоа не е невообичаено и денес, иако жените се прилично независни, еманципирани и свесни за своите вредности.

Денес, ние сме жртви на недефинирани врски кои стануваат се почести. Ова полека станува колективен проблем на општеството, а единственото прашање што треба да си го поставите кога не знаете што да правите е „дали сум среќен?“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *