February 23, 2024

Ги има во купените сокови, но и во млечните производи, дури и во солената храна.
Црниот дроб е исклучително важен орган во нашето тело бидејќи ги чисти и обработува сите материи кои ги внесуваме преку храната, па со право се нарекува прочистувач на телото.

За да ја одржувате што подолго во добра кондиција и за да може непречено да работи, важно е да избегнувате храна која може лошо да влијае на него.

Она што може да има исклучително лошо влијание врз него е фруктозата .
Добро познат факт е дека премногу фруктоза го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, но малку се знае за фактот дека тоа може да го загрози и здравјето на црниот дроб .

Фруктозата е шеќер кој се наоѓа во овошјето како јаболка, банани, цреши, лубеници, круши итн. Покрај тоа, таа е составен дел на многу видови индустриски преработена храна . Ги има во купените сокови, но и во млечните производи , дури и во солената храна.

Ако обрнете внимание, тоа ќе го видите на многу декларации, дури и на оние на кои не би помислиле.

АХА (Американската асоцијација за срце) препорача само 6 отсто од вкупниот број калории да бидат дополнителни шеќери. Постои мислење дека жените треба да консумираат околу 100 калории дополнителен шеќер дневно (тоа е приближно 25 грама), а мажите 150 калории (или 36 грама).

Некои од другите намирници кои негативно влијаат на црниот дроб и можат да го оштетат се алкохолот, пржената храна, пецивата што содржи бело брашно, храната богата со сол итн.

Шеќер или сол? Што е поштетно за вашето здравје?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *