May 13, 2024

Многу моќна комбинација од две состојки значително ќе ги ублажи тешкотиите!

Болките во ‘рбетот, рамениот појас, пределот на вратот, како и зглобовите – станаа дел од нашиот секојдневен живот, во повеќето случаи поради начинот на живот што го водиме. Долгото седење, недостатокот на физичка активност, стресот, неправилното држење на телото се само некои од причините за акутни и хронични болки во ‘рбетот и рамениот појас, но и во зглобовите. Секако, не смееме да заборавиме на дегенеративните болести, како што се ревматизмот и артритисот.

Доколку страдате од овие проблеми, постојат голем број на конвенционални методи на лекување, како и терапии кои секако водат до олеснување, но може да ви помогне и природата. Ви претставуваме домашен мелем, кој ќе ги ублажи тегобите и болките на овие места.

Направете природен препарат кој може да ви помогне при болки во грбот и зглобовите. Овој природен лек може да ги одржува зглобовите во добра состојба, да ја намали болката и во исто време да елиминира многу проблеми кои ги придружуваат овие проблеми.

Лек за болки во зглобовите и грбот: РЕЦЕПТ: Компоненти: од 300 g до 400 g лук, 1 л квалитетно нерафинирано растително масло (маслиново, сончоглед…)

Подготовка: Излупете 300 гр до 400 гр лук, па ситно исечкајте го. Ставете го во тегла и прелијте со 1л квалитетно нерафинирано растително масло (маслиново, сончогледово…). После тоа, затворете ја теглата со капак и оставете на темно место на собна температура околу 2 недели. Не заборавајте да ја протресувате содржината на теглата секој ден. На крајот ќе добиете масло од лук, кое треба да се филтрира низ 3 до 4 слоја газа или двапати низ мала пластична цедалка.

Маслото од лук се трие на болни места, како што се долниот дел на грбот кај остеохондрозата, болките во грбот или болките во зглобовите на рацете и нозете при остеоартритис. Се покрива со најлонска кеса и се загрева преку ноќ. Лукот ја подобрува циркулацијата на крвта во болните зглобови, а со тоа помага да се воспостават нивните функции. Терапијата треба да трае два месеци. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да користите природни лекови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *