June 25, 2024

Ова е список на работи што е важно да ги научите децата во детството, а кои ќе им помогнат на вашите деца да бидат посреќни кога ќе пораснат.

Во првите години од животот, детето добива многу голема количина на информации од околината и ги складира овие информации. Некои луѓе велат дека мозокот на детето е како сунѓер. Во детството, децата ја формираат основата за нивниот јазик и сликата што ја создаваат за себе.

Затоа, постојат одредени лекции кои се клучни за децата да изградат основа која ќе им помогне да ги совладаат сложените работи во зрелоста.
Brightside донесува листа на вештини кои се важни за учење на млада возраст и кои ќе им помогнат на вашите деца да бидат посреќни кога ќе пораснат.

Втор јазик Едно истражување покажа дека децата кои учат втор јазик побрзо ги прифаќаат промените, имаат подобра меморија и подобро разбирање на јазикот воопшто. Во исто време, вашите деца тогаш нема да имаат проблем да комуницираат во другите делови на светот и ќе имаат повеќе можности за кариера. Истражувачите исто така докажаа дека зборувањето два јазика помага да се спречи Алцхајмерова болест во староста.

Пливање Секоја физичка активност ни помага да живееме поздрав живот. Пливањето го нуди тоа, но исто така е вештина која може да го спаси животот на вашето дете во екстремни ситуации или може да ја отвори вратата за различни нови искуства; исто така ќе ги зајакне и ќе им помогне да развијат координација. Пливањето го поддржува и здравјето на мозокот.

Свирење на инструмент Студијата објавена во научното списание покажа дека учењето да свири на инструмент ги подобрува вештините за слушање и помага да се одложи падот на капацитетот на мозокот како што старее човекот. Кога свириме на некој инструмент, мораме да активираме неколку мозочни системи како што се аудитивни, моторни и перцептивни. Кога вашето дете ќе порасне, ќе има подобра можност да комуницира и креативно да се изразува.

Танцување Истражувањето покажа дека танцувањето им помага на хиперактивните деца подобро да функционираат. Преку танцот добиваат можност преку движење да ги изразат емоциите, а со помош на музиката се поттикнува нивната креативност, социјални вештини, моторика и самодоверба. Танцувањето исто така ќе ги отвори очите на вашето дете за различни култури и ќе биде поотворено во размислувањето и ќе има добра слика за вашето тело.

Рециклирање Со рециклирање помагаме да се грижиме за нашата планета и да оставиме подобар свет за идните генерации, што е веќе голема предност. Но, рециклирањето е добро и за децата бидејќи е докажано дека повторното користење на материјалите кои се веќе пред вас ја поттикнува креативноста. Вашето дете ќе знае дека не му требаат многу скапи работи за да ги реализира своите идеи. Во Шпанија, рециклирањето се охрабрува во училиштата за да се подигне свеста за грижата за животната средина.

Чистење Уредноста и хигиената се исклучително важни за животот на секој. Покрај практичните причини како што е здравиот живот, чистењето е важна вештина бидејќи помага во структурирање на менталните процеси. Во Јапонија, чистењето на училниците и училиштата е дел од образованието.

Чувство за ориентација Поттикнувањето на развојот на чувството за ориентација кај децата е добро за мозокот и ќе им помогне полесно да се справат каде и да се. Истражувањата покажаа дека постои ГПС во нашиот мозок кој создава врски помеѓу невроните кои, како што учиме, го стимулираат нашето чувство за простор и му помагаат на мозокот да планира правци со поддршка на донесувањето одлуки.

Готвење Со готвењето со вашите деца, ја зајакнувате нивната врска со храната. Доколку ги вклучите во подготовката на оброците тогаш ќе бидат повнимателни додека јадат и ќе консумираат помалку брза храна. Следејќи го рецептот, тие ќе научат колку е важно да се следат упатствата и ќе ги истражуваат различните состојки со своите сетила. Покажете им како се менува храната додека готвите и научете ги како да избегнат несреќи во кујната и готвењето.

Користење на пари Како што растеме, полека се наметнуваат финансиските обврски, а доколку не сме подготвени за нив може да направиме многу грешки. Многу е важно да ги научите вашите деца дека парите се алатка, а не награда и дека не е доволно да научите да штедите туку и да трошите мудро.

Разговарајте за чувствата Не постои некој кој е секогаш само среќен. Некои ситуации исфрлаат на површина непријатни чувства кои не можеме да ги избегнеме. Важно е да го научите детето како да ги открие овие чувства, како да ги прифати и како да зборува за нив; вашето дете ќе биде вечно благодарно за тоа. Емоционалната интелигенција ќе му овозможи на вашето дете да донесува одлуки и правилно да реагира во сложени ситуации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *