July 19, 2024

Гравот има голема енергетска вредност и ги содржи речиси сите есенцијални амино киселини.

Иако долго време се зборуваше дека конзумирањето грав е добро за здравјето, денес на овој зеленчук му се посветува уште поголемо внимание поради новите информации кои ги донесоа научниците. Гравот има голема енергетска вредност и ги содржи речиси сите есенцијални амино киселини.

Зошто гравот е добар за здравјето? Научниците открија дека исхраната богата со грав може да го намали ризикот од срцеви заболувања и одредени видови на kaрцином. Упатствата за здрава исхрана на Владата на САД од 2005 година препорачуваат дневна доза од три чаши грав неделно.

Гравот има голема енергетска вредност и ги содржи речиси сите есенцијални амино киселини. Покрај тоа, содржи лецитин, како и калиум, калциум, фосфор, магнезиум, цинк и натриум. Тој е одличен извор на протеини, а за разлика од другите извори, гравот е низок со масти, па затоа не содржи заситен или холестерол. Од витамините е одличен извор на фолна киселина, витамини Б6, К, рибофлавин (Б2) и Б3.

Опсегот на фитохемикалии кои се наоѓаат во гравот ги штитат клетките од раk и го забавуваат растот на туморот. Истражувачите од Факултетот за јавно здравје Харвард велат дека жените кои јаделе грав најмалку два пати неделно имаат 24 отсто помали шанси да развијат раk на дојка, срцеви заболувања, дијабетес тип 2, висок крвен притисок и раk на дебелото црево.

Што го прави гравот толку здрав? Гравот е добар извор на протеини, а за разлика од другите извори на протеини, гравот содржи малку маснотии и нема заситени масти и холестерол.

Една порција грав обезбедува 20 проценти од дневните потреби за влакна. Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат грав добиваат повеќе од овие клучни хранливи материи отколку луѓето кои не консумираат грав.

Кои видови грав се најздрави? Научниците од државниот универзитет во американската сојузна држава Колорадо тестирале шест вообичаени видови грав кои можат да се најдат на пазарот и ја измериле количината на антиоксиданси во секој од нив.

Тестирањето покажа дека црвениот, шарениот и темно синиот грав има до десет пати повеќе антиоксиданси и други лековити материи од белиот и жолтиот грав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *