June 16, 2024

Болоњезе-сосот е една од најсветлите ѕвезди на италијанската кујна, има многу варијации на неговиот рецепт и различни начини на кои се приготвува.

Неодамна, блогерката Меган Дигироламо на посебен начин му оддаде почит на рецептот за болоњезе на својата баба, а нејзината приказна стана вирална и ги освои срцата на многумина.
„Баба ми е врвна готвачка и на својот репертоар има вкусни и добри јадења – од калабриски лазањи (направени од шунка и јајца) до крем-чорба од печурки. А сосот болоњезе, всушност, беше јадење што го научи од нејзиниот сопруг, мојот дедо – кој го сподели своето кулинарско знаење од детските денови поминати во регионот Абрусио во Италија.

Мислам дека болоњезе-сосот на кој израснав е малку поинаков… во најмала рака, затоа што е направен од исклучителна личност. Одлична домаќинка, баба ми е некој што никогаш не калкулирал со големината на порциите или планината пармезан што ја нанесував врз тестенините.

Поминувавме многу вечери собрани околу масата на која ни беше послужено највкусното и најавтентично болоњезе.
Јасниот мирис што се ширеше од тавата беше како да сте завиткани во голема топла прегратка секогаш кога ќе ја отворите вратата од куќата.
И сега, кога го правам сама, зеленчукот исечен на мали, еднакви парчиња – кромид, лук, целер и чили – ги ослободува истите небесни мириси низ куќата. Многу црвено вино, сладок мирис на зрели домати, сол, оригано и најважниот – балсамико оцет.

За овој сос важно е да го оставите да врие што подолго, а капакот на тавата треба да биде полуотворен.
Совршен избор за деновите кога постиме, а љубителите на италијанската кујна ќе го обожаваат!
Состојки:

-1 главица карфиол,2 моркова,150 г бели шампињони,150 г кафени шампињони,1 главица кромид,3 чешниња лук,300 г ореви,500 мл доматен,пелат,сол по вкус,бибер по вкус,оригано по вкус,босилек по вкус,1/2 лажиче мед и 400 г посни шпагети

Приготвување:
Во блендер, ставете ги карфиолот, морковите, печурките, кромидот и лукот и ситно сомелете ги. Истурете го мелениот зеленчук во загреана тава и оставете да се крчка полека додека испари поголемиот дел од течноста.
Сомелете ги оревите, па додајте ги во преостанатиот зеленчук и зачинете по вкус. Истурете ги доматите, додајте го медот и динстајте уште 15 минути. Послужете со сварени шпагети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *