May 18, 2024

Медот е една од најздравите намирници која е одличен сојузник во борбата против настинките и вирусите.

Неговите лековити својства се широко распространети, а познат е и како природен лек кој го стимулира варењето и метаболизмот, добар е пробиотик, го зајакнува имунолошкиот систем, го забрзува закрепнувањето на телото, ја лечи кожата од рани и изгореници и спречува појава на брчки.

Меѓутоа, покрај тоа што е здрав, многумина препорачуваат медот да не се јаде од метална лажица , ниту да се прелива во шолја млеко или чај со метална лажица, со образложение дека медот ќе ги изгуби лековитите својства.

Објаснувањето зошто медот не треба да се вади од теглата со метална лажица лежи во тоа што тогаш доаѓа до хемиска реакција помеѓу металот и медот, па многу здрави својства од оваа храна се губат со хемиската реакција.

Сепак, мислењата се поделени, па има и такви кои сметаат дека тоа не е вистина. Имено, медот има pH вредност од околу 3,9. Металниот прибор за јадење е направен така што не создава никаква хемиска реакција во контакт со храната.

Но, она што е уште поважно е следното: машините за вадење мед се направени од метал, кантите за складирање мед се исто така метални, при аналитичка контрола медот се мери со метална лажица, а медот се добива и со метална сонда.

Затоа слободно јадете мед со метална лажица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *