
Лесно решение за голем проблем. Дали сте од оние луѓе кои опсесивно проверуваат неколку пати пред да излезат од дома за да видат дали го исклучиле шпоретот?




Или, кога одите на одмор, штом поминат 15 минути, добивате напад на паника затоа што сте убедени дека не сте ја заклучиле куќата?




Се обидовте некако да се „тренирате“ и да се ослободите од овие навики, но не успеавте – не грижете се, многумина ќе се препознаат во оваа приказна, а решението на проблемот не може да биде поедноставно.




Пред да излезете од дома, снимајте го шпоретот со телефонот, а кога ќе ве фати паника, само погледнете ја сликата и проблемот е решен.




Истиот принцип можете да го примените и при заклучувањето на вратата: снимајте кратко видео од бравата (секако со задолжителна проверка дали сте ја заклучиле двапати) и толку.




Ако сè уште имате трошка сомнеж: секоја снимка има јасно време и датум. Тоа ќе биде доволно за сите.
Со текот на времето, кога ќе знаете дека ги имате овие снимки на вашиот телефон, ќе добивате сè помалку опсесивни напади на проверка…