
Оваа маска е одлична за зајакнување на коренот на косата. Губењето на косата е здравствен проблем со кој се соочуваат многу луѓе.




Производите кои најчесто ги користат за обновување на косата главно немаат ефект, па многумина се обидуваат да најдат природно решение. Руската докторка Татјана Викторовна Коновалова открила едноставен рецепт за маска која помага во зајакнување на коренот на косата.




Оваа маска ја регенерира структурата на коренот на косата и го запира опаѓањето на косата, а за да ја направите потребна ви е само една храна која секако ја имате во вашата кујна – моркови,




Морковите содржат големи количини бета каротен, но и витамин А. Одличен е за добар вид, а влијае и на здравјето на скалпот од чие здравје зависи и самата коса.




Хранливите материи што ги содржи морковот може да го подобрат здравјето на косата, ноктите и кожата. Освен тоа, морковите помагаат во детоксикација на целиот организам, вклучително и на скалпот, како и во создавањето на нови клетки.




Подготовката е многу едноставна, важно е да ги следите овие чекори: Ситно исецкајте неколку свежи моркови и втријте ја смесата во коренот на косата. Оставете да делува најмалку 15 минути, а потоа добро исплакнете ја косата како и обично.




На почетокот секогаш нанесувајте ја маската пред да ја измиете косата најмалку 5 пати по ред. Кога косата ќе ви зајакне и ќе ги видите првите резултати, доволно е да нанесувате рендан морков еднаш месечно, а првите резултати ќе се видат по неколку третмани.