June 19, 2024

Позитивно влијае на менталната состојба и расположението – истражувањата покажуваат дека луѓето со ниско ниво на овој минерал во крвта се повеќе склони кон депресија .

Селенот е многу моќен антиоксиданс кој штити од слободните радикали – нестабилни молекули кои можат да ги оштетат клетките и со тоа да поттикнат болести. Истражувањата покажаа дека селенот помага при срцеви заболувања, ревматоиден артритис, астма и други хронични заболувања. Тешко е всушност да се одреди кога се појавил недостаток на селен, но ова се некои од најчестите симптоми:

ГУБЕЊЕ НА КОСАТА Една од најважните задачи на селенот е да помогне во конвертирање на постоечкиот тироиден хормон Т4 во поактивен Т3. Ако немате доволно селен во вашето тело, може да забележите дека ви опаѓа косата. Се разбира, постојат многу причини за опаѓање на косата, но на вашиот лекар е да ја најде вистинската.

УМОРНИ СТЕ Покрај опаѓањето на косата, уште еден симптом на хипотироидизам е и заморот. Можно е тоа да е последица на недостаток на селен кој ја забавува работата на тироидната жлезда.

СЕ ДЕБЕЛЕЕТЕ Кога ќе забележите дека се дебелеете без логична причина, добро е да знаете која е причината. Повторно, потребата на тироидната жлезда за селен може да игра голема улога.

НЕ ФУНКЦИОНИРАТЕ КАКО ОБИЧНО Со анализа на 55 студии, научниците заклучија дека шансата за развој на раk е намалена за 31% кај оние кои имаат нормално ниво на селен во телото, а тоа особено важи за раkот на дебелото црево, мочниот меур и простатата.

Постојано сте под стрес Селенот е силен антиоксиданс кој штити од болести и оксидативен стрес, кој е многу штетен за клетките низ телото. Научете како да се смирите, да спиете доволно и да се движите. Но, внимавајте и на нивото на селен во организмот.

Како да внесете доволно селен? Меѓу најдобрите природни извори се кафените печурки, шитаки печурките, сината риба и морски плодови, како и цели зрна. Значајни количини на селен вклучуваат лук и кромид, телешки црн дроб, јагнешко месо, мисирка, пилешко, полномасно млеко, семки од сончоглед, брокула, боранија, зелка и кокос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *