May 17, 2024

Малкумина знаат дека познатата султанка Хурем , сопруга и најголема љубов на султанот Сулејман , е родена како Александра Анастасија Лисовска . Таа е родена на територијата на денешна Украина и пораснала во православно семејство . Нејзиниот татко бил свештеник.

Таа, како и многу други девојки во тоа време, била однесена во Отоманската империја како бела робинkа. Легендата вели дека Александра му била претставена на Сулејман од големиот везир Ибрахим-паша и дека на тој начин таа стигнала во харемот на султанот. исто така, легендата вели дека султанот се заљубил во неа речиси во моментот кога ја видел.

Султанот бил воодушевен од нејзината харизма, нејзината мудрост и начин на размислување, па брзо ја зел за блиска придружничка, а потоа и за сопруга. Таа го прифатила исламот и му родила шест деца на Сулејман . Иако имал уште три жени, се верува дека Хурем најмногу ја сакал, дека во се и угодувал и дека поради тоа имала големо влијание врз политиката на Отоманската империја.

Заедно преживеаја многу радосни и тажни настани, загуба на синови, брак на ќерки, раѓање на внуци… Нивната љубов се смета за една од најголемите што историјата ги памети.

Последната желба на султанката Хурем. Пред смртта на султанката Хурем, парот бил разделен извесно време. Кога се сретнале по долго време, Сулејман ја однел да ги види работите на новата џамија, а потоа и рекол дека неговата душа е таму, и дека неговото срце засекогаш ќе остане во таа зграда.

Сулејман во текот на животот и ги исполни сите желби, но последната желба го допре до срж и за последен пат покажа колку Хурем го сака.

Таа знаеше дека ќе умре и го замоли султанот засекогаш да почива на местото каде што рече дека неговото срце и душа ќе почиваат засекогаш – во таа џамија, која се викаше Сулејмани .

Желбата и се исполнила, а самиот Сулејман по смртта имал последна желба – да биде погребан до неа, во истата џамија.

Султанот ја преживеал Хурем осум години , а по нејзината смрт немало повеќе жени во неговиот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *