December 10, 2023

Емпатијата, односно сочувството е многу позитивна особина. Секој од нас сака да им помогне на членовите на семејството, пријателите , па дури и колегите кога имаат проблем. Се ставаме во улога на психолог и советник кој со сите сили се труди да најде решение и да му помогне на нерасположеното лице кое моментално е во неволја.

Сепак, има луѓе кои постојано имаат проблеми. Некои од нив се реални, некои се дури и имагинарни.
Изгледа дека овие луѓе само бараат причини околу себе да се пожалат на другите и не прават ништо за да го вратат својот живот и расположението во нормала.

Постојано се жртва, се жалат на се и секого, но не преземаат никакви чекори за решавање на тие проблеми. Откако ќе се дружите со нив, имате чувство дека ви треба одмор од другите социјални интеракции, треба да бидете сами и изолирани.

Ве заморуваат и како да ви ја пренесуваат својата негативност. Ваквите луѓе го користат жалењето како средство за манипулација, прават да се чувствуваме сочувствителни и се однесуваат како да се зависни од нашите совети. Затоа, многу луѓе чувствуваат вина кога од сосема оправдани причини не се во можност да разговараат и да им помогнат на таквите луѓе.

Тие развиваат чувство на обврска кај емпатичните луѓе да помогнат или барем да дадат совет. Кога ќе паднеме под нивно влијание, почнуваме да ги доживуваме нивните проблеми како свои, што значително ни ја одзема енергијата. Расположението се намалува, нервозата и анксиозноста се зголемуваат.

Во такви случаи, потребно е еднаш да се пресече и да се разбере дека проблемот не е во самата ситуација, туку во личноста. Најдобар совет е да држите одредена дистанца од таквите луѓе, колку што е можно повеќе. Кога ќе почнат да се жалат, слободно и без грижа на совест кажете им дека моментално имате попаметна работа.

Исто така, треба да бидете искрени, и да кажете на личноста која постојано се жали дека проблемот е многу помал отколку што таа го доживува, да и објасните дека таа сама си создава проблеми и слично, во зависност од ситуацијата.

Не треба да покажувате слабост и да бидете достапни 24 часа, бидејќи ваквите луѓе ќе го искористат тоа, а вашето расположение ќе биде лошо со денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *