February 26, 2024

Неодамнешното истражување покажа дека љубителите на црниот хумор обично имаат повисок коефициент на интелигенција.

Студијата ја водела Улрике Вилингер од Медицинскиот универзитет во Виена и учествувале 156 луѓе. Учествуваа мажи и жени од различни нивоа на образование, а нивната просечна возраст беше 33 години.

На сите им беше даден тест за интелигенција кој вклучува вербално и невербално расудување. Исто така, им беа поставувани прашања за да се процени нивното расположение и нивото на агресивност. Потоа ги анализираа сатиричните карикатури на уметникот Ули Штајн.

Оние луѓе кои претпочитаат црн хумор имале високи оценки на тестот за интелигенција. Истражувањето е објавено во научното списание Cognitive Process. Во извештајот се наведува:

„Најзначајниот резултат е дека учесниците кои сакаат црн хумор се многу поинтелигентни, имаат повисоко ниво на образование, ретко имаат нарушувања на расположението и знаат како да ја контролираат агресијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *