February 23, 2024

Секој сака да има убави и бели заби, но многумина не знаат дека тоа може да се постигне со помош на одредени намирници.

„За разлика од кафето и црвеното вино, кои можат да ви ги затемнат забите, постојат намирници кои природно можат да ги избелат“, вели стоматологот Џенифер Нелсон.

Сочните јагоди можат да остават црвена трага на вашата облека, но од друга страна може да се искористат за да добиете светла насмевка, поради нивната киселина.

Нелсон предлага да ги испасирате јагодите и да ги истриете на забите.По пет минути исплакнете со вода и потоа измијте ги како и обично.

Јаболка, целер и моркови. Кога јадете повеќе овошје и зеленчук како јаболка, целер и моркови, тоа всушност може да се покаже како природен отстранувач на дамки – вели Нелсон и додава дека бидејќи оваа храна го зголемува производството на плунка во устата, таа исто така ги убива бактериите и ги лекува.

Портокал и ананас. Џенифер сподели и дека цитрусното овошје може да послужи како природен начин на миење на устата. Бидејќи цитрусот прави вашата уста да произведува повеќе плунка, Нелсон вели дека тоа е природен начин да ги четкате забите. Сепак, бидете внимателни со лимонот, бидејќи неговото високо ниво на киселина може да ги оштети вашите заби пред да им помогне.

Јогурт, млеко и сирење. Нелсон вели дека млечните производи содржат млечна киселина, која помага да се спречи расипување на забите.

„Истражувачите веруваат дека протеините во јогуртот можат да се врзат за забите и да ги спречат штетните киселини да предизвикаат кариес“, вели Џенифер, која исто така вели дека потврдите сирења се најдобри за избелување, како и помагање за отстранување на честичките од храната.

Сода, Иако не е храна, оваа состојка прави чуда кога станува збор за избелување на вашата насмевка. За брзо и лесно решение, Џенифер вели дека треба да ставите сода бикарбона на четката, а потоа директно на забите или пак можете да купите паста за заби, која веќе го содржи овој производ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *