July 18, 2024

Уште еден доказ дека златната средина е најдобриот избор и во овој случај.

Познато е дека вишокот сол има негативни здравствени последици. Знаејќи го ова, многу луѓе одлучуваат целосно да го исфрлат овој зачин од исхраната, но и таа крајност воопшто не се препорачува.

Еве зошто! Може да дојде до гоење. Јодираната сол е важна за хормоните , па ако целосно ја елиминирате, внесот на јод ќе биде ограничен, веројатно недоволен. Ова лесно може да доведе до зголемување на телесната тежина, отечено лице, сува кожа, чувство на замор и мускулна слабост.

Влијание врз срцето. Намалувањето на внесот на сол првенствено се препорачува за луѓе кои страдаат од проблеми со срцето , но студиите покажаа дека не е добро срцето да внесува премногу или премалку сол. Повторно се докажа дека среината е навистина „златна“.

Зголемен ризик од инсулинска резистенција. Студиите исто така го докажаа ова тврдење. Ако внесувате премалку сол, телото не реагира правилно на инсулинот , што може да доведе до зголемен шеќер во крвта.

Симптоми на дехидрација. Кога нивото на сол во организмот драстично опаѓа, може да почувствувате симптоми слични на дехидрација – сува уста, вртоглавица , силна жед, ретки посети на тоалетот…

Гадење. Прекинувањето на внесот на сол има силно влијание врз нивото на холестерол . Иако обично не покажува симптоми на почетокот, може да ги зафати сите органи во телото, вклучително и срцето. Еден од првите симптоми на ова е гадење .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *