May 23, 2024

СОПСТВЕНИКОТ на една мачка објави видео на TikTok во кое покажа што прави мачката во моментот кога ќе го види како оди на работа.

На видеото се гледа како мачката ги обвиткува нозете околу сопственикот додека тој се обидува да излезе од станот, а кога сфаќа дека таа нема намера да се движи, посегнува по неа и ја носи во нејзиното креветче.

Меѓутоа, мачката не останала долго таму и брзо се стрчала назад кон влезната врата.
„Морам да одам на работа, но таа ми вели дека не одам никаде“, напишал сопственикот

Коментаторите не криеја колку се воодушевени од сцената.
„Време е да се откажете“, напиша еден корисник. „Слатка крзнена снегулка ве држи како заложник“, се пошегува друг.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *