March 1, 2024

Куркумата е една на магичните подароци на природата, кои кријат во себе несомнена сила.
Обично, за да се види ефектот на која било здравствена состојба – храна, пијалок или добри навики, потребни се 21 ден.

Куркумата или позната уште како Турмерик, е еден од најмоќните природни лекови. Активната лековита состојка во куркумата се вика куркумин. Куркумата се користи во Индија веќе иладници години како зачин и природна боја. Куркумата им дава на јадењата убава жолта боја и пријатна арома, а освен тоа служи како природен антибиотик, превенција од рак, за чистење на црниот дроб и крвта, против артритис и реума, заздравување на рани и брзо обновување на повредената кожа.

Карито, еден од омилените зачини и надвор од Индија, својата жолта боја му ја должи на куркумата.

Медицинските својства на овој зачин постепено се откривале во текот на овој век. Веќе одамна е познато дека куркумата има анти-воспалителни својства, а поновите најразлични истражувања покажуваат дека куркумата е вистинско чудо на природата. Потврдено е благотворното дејство на куркумата кај многу болести, од рак па до Алзхеимеровата болест.

12 причини зошто е добро да се користи куркума:
има антибактериски својства, корисна е за дезинфекција на рани и изгореници.Превенција од повеќе типови rак го смалува ризикот од детска леукемија го чисти црниот дроб на природен начин штити од Алзхеимеровата болест.
Природен лек е против болки го регулира метаболизмот и помага при слабеење.

Има анти-воспалителни својства одамна се користи во Кина како лек против депресија.Заради своите анти-воспалителни својства, природен лек е за реума и артритис.
Го забрзува зараснувањето на рани и брзо ја обновува повредената кожа
помага во лечење на псоријаза и други воспалителни болести.

Куркумата може да се користи во прав или капсули, а може да се набави во аптеки и поголемите маркети. Всушност главната состојка на Куркумата, куркумин, е основниот борец во лечење и превенција на карцином. Најдобро дејство има на рак на дебелото црево, тенко црево, желудник, црн дроб, простата, дојки и јајници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *