
Црниот бибер секојдневно го користиме во исхраната и тој е вистински извор на здравје.




Нутриционистите истакнуваат дека луѓето би го користеле уште повеќе кога би ги знаеле сите негови добри својства. Црниот бибер содржи голем број на соединенија со антибактериски, антимикробни, антиинфламаторни и антиоксидантни својства кои благотворно делуваат на одржување на доброто здравје.




Во народната медицина црниот бибер се препорачува како лек бидејќи поволно делува при треска, болки во грлото, мачнини, вртоглавици, отежнато мокрење, ревматизам и артритис. Сепак, листата на неговите лековити својства не завршува тука.




На прво место, биберот го подобрува лачењето на желудечните сокови, што го олеснува варењето, особено тешката храна. Освен тоа, ги елиминира бактериите во желудникот така што спречува надуеност. Во исто време, го стимулира крвотокот.




Овој зачин ја стимулира способноста на телото да ги апсорбира хранливите материи, особено бета-каротин, витамин Б и селен.