July 19, 2024

Потрошувачката на масло од алги може да помогне за здравата исхрана, пренесува пулс бг. Технологијата за добивање на масло од алгите е слична на етеричните масла од растенија.

Научниците се на мислење дека алгите можат во иднина да се претворат во добро решение при трошење на прехранбените и горивни резерви.
Алгите се со висока содржина на омега-3 масни киселини, кои се од суштинско значење, а претходните испитувања покажуваат дека потрошувачката на алги го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и воспалителни процеси.

Алгите ја подобруваат и мозочната функција. Освен како прехранбен производ, маслото од алги може да се користи како одржлив извор на гориво – биодизел за автомобили или биокерозин за авиони. Потребни се дополнителни испитувања во таа насока, за да се изберат најсоодветните за производство на биогорива, објаснуваат истражувачите.

Во просек во еден килограм алги има толку минерални соединенија како што се содржат во 100 илјади литри морска вода. Алгите селективно собираат минерали и олигоелементи што одредува терапевтската вредност.

Тоа е причината во козметиката и естетска медицина, да се користат во форма на маски, апликации и капсули и други готови производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *