April 10, 2024

Милениците од нас го вадат она најдоброто, не поттикнуваат да бидеме подобри луѓе, да се почитуваме и помагаме меѓусебно, да бидеме поодговорни, покомуникативни и позитивно да се однесуваме во семејството и во општеството.
Според едно јапонскo истражување сопствениците на домашни миленици се многу поздрави за разлика од оние што живеат без животните.
Научниците докажале дека оние луѓе кои имаат домашно милениче имаат повисока варијабилност на срцевата активност и нивното срце е многу поотпорно во определени ситуации.

Тоа е особено важно при стресните ситуации. Намалената варијабилност на срцевата акција се поврзува со висок ризик од појава на болести на срцето.
Исто така домашните миленици ви праќаат позитивна енергија и магнетизам, со својата безгранична љубов и имаат позитивен ефект на вашата психичка состојба и расположение.

Споре студијата луѓето кои се сами без милениче во одреден временски интервал контактирале само со тројца непознати луѓе, додека оние кои чуваат куче во исто време стапиле во контакт и поразговарале со дури 65 непознати лица. Луѓето со миленичиња обично се подруштвени, а она што е поважно, според мислењето на истражувачите е квалитетот на врската помеѓу сопственикот и миленикот, бидејќи оваа врска обично се рефлектира врз односите со другите луѓе. Ова позитивно влијае и врз партнерите кои се во врската како и врз семејните односи.

За оние кои поседуваат животинчиња знаат колку е голема меѓусебната љубов, а за оние кои не чуваат им порачуваме тоа да го сторат наскоро:)
Децата кои растат со кучиња се порелаксирани, поздрави, имаат помалку алергии и подобри социјални вештини, и миленикот брзо им станува нивниот најдобар пријател. Одамна е докажано дека растењето покрај милениче, кај децата има корисен ефект врз психолошкиот развој. Децата кои растат со куче во семејството имаат подобар имунитет и кај нив е намален ризикот од алергии.

Исто така, самото присуство на куче, на членовите на целото семејство влијае смирувачки, го намалува бројот на отчукувањата на срцето и го намалува притисокот. Затоа, децата се порелаксирани и задоволни, а кучето ги охрабрува да се движат, да играат и да останат подолго време на свеж воздух.

Психолозите пак тврдат дека кучето, покрај радост, носи и многу повеќе. Посебно во раниот развој на децата кога тие сеуште не знаат да зборуваат, бидејки во тој период на развој на детето невербалната комуникација е многу важна. Односот помеѓу кучето и детето го потикнува взаемното препознавање на емоциите. така меѓусебно емотивно се потпираат. Тоа е добра основа и темел за развој на социјални вештини , емпатија и сочувство. Исто така децата кои растат покрај куче учат што значи одговорност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *