February 23, 2024

Латинското има нa овој зеленчук е Allium cepa, англиското onion, што значи „еден единствен“.
Од хранливи состојки кромидот содржи многу јагленохидрати, во мали количини растителни белковини и масти.
Но, вистинската вредност на кромидот во исхраната потекнува од содржината на витамини и минерали. Тој е вистинска ризница на витамини, минерали, олигоелементи, билни хормони…

Содржи калиум, сулфур, витамини Б1, Б2, Ц, К, бета каротин. Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања, од обична настинка па сe до срцеви заболувања, дијабет, остеопороза, реума и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерогени и антиоксидативни својства.

Едно од тие хемиски соединенија на кое му се препишуваат многу корисни својства е кверцетинот. Кверцетинот има антиканцерогени ефекти. Тој спаѓа во групата растителни пигменти наречени флавоноиди кои се раствораат во вода. Се однесува како антихистамин и има антивоспалителни карактеристики. Меѓу повеќето евидентни дејства на кверцетинот се и силните антиоксидантни карактеристики. Ја намалува оксидацијата на ЛДЛ (лошиот холестерол), односно го заштитува срцето.

Во кромидот се наоѓаат многу состојки кои делуваат бактерицидно, т.е се борат против бактериите и другите микроорганизми кои се причинители на разни воспаленија. Бактериостатиците во кромидот го даваат неговото лековито својство. Затоа, често се препорачува при настинки, кашлица, акутен и хроничен бронхит, астма и други воспалителни заболувања. Покрај тоа, кромидот ја прочистува и крвта, ги прочистува крвните садови и ја спречува атеросклерозата. Постојат неколку видови на кромид кои меѓусебно се разликуваат по бојата вкусот и големината. На тој начин разликуваме виолетов, жолт и бел кромид.

Жолтиот кромид претставува најлутиот претставник и тој може да се чува најдолго. Содржи најмногу кверцетин, моќен антиоксидант со докажано антивоспалително, антиалергенско и антиканцерогено дејство. Виолетовиот кромид е познат по тоа што е најблаг од сите видови на кромид. Исклучително богат со кверцетин, исто така содржи и лековити антицијанини, состојки кои ја спречуваат појавата на разните срцеви и васкуларни заболувања, како и ракот. Белиот кромид има релативно благ вкус и содржи умерени количини на кверцетин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *