December 3, 2023

Во раните утрински часови во Чевртокот во Украина се огласија сирените кои го означија почетокот на руската офанзива поради кризата во Донбас.

Крстосувачките проектили полетаа, по наредба на претседателот Владимир Путин, кон воени цели низ целата земја, а Централната воена команда на Украина објави дека биле бомбардирани неколку аеродроми, меѓу кои Киев Бориспол, Николаев, Краматорск, Херсон и воениот аеродром во Харков.

Интересно е што познатиот француски астролог Нострадамус зборувал за „заканата од исток“ и ја спомнал војната во Европа во 2022 година, но не е секогаш лесно да се одредат точните датуми во неговите записи.

Познатиот пророк, кој ја објавил својата озлогласена книга „Пророштва“ во 1555 година, секако се фокусирал најмногу на својата земја. Така, темите кои често ги спомнува биле инвазијата на Франција и споменатата закана од исток.

Сепак, некои шпекулираа дека енигматичната реченица „Сините глави ќе им наштетат на белоглавите мршојадци до тој степен што Франција ќе биде љубезна кон двете страни“ се однесува на пролетта оваа година.

Како и сите пророштва на Мишел де Нострадамус, како што бил познат во негово време, и ова е прилично нејасно, но во последниве години се користи како најава за Третата светска војна. Се разбира, не е многу тешко да се „вклопи“ заканата од исток, бидејќи токму таков однос имаат кон Русија земјите од Западна Европа.

Сепак, пред ескалацијата на кризата во Украина имаше толкување дека оваа реченица на Нострадамус се однесува на актуелните тензии меѓу Кина и Тајван, што повторно може да се совпадне со „заканата од исток“.

Патем, некои од најголемите достигнувања кои му се припишуваат на познатиот астролог се предвидувањето на Големиот пожар во Лондон, доаѓањето на власт на Адолф Хитлер и атентатот на Џон Кенеди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *