December 10, 2023

Социјалните мрежи се место каде што многу луѓе можат да ги покажат своите таленти на различни начини, а една шминкерка тоа го користи доста добро, толку добро што многумина се сомневаат во нејзиниот идентитет.

Шминкерката Валерија Воронина ги покажува своите трансформации преку социјалната мрежа TikTok и многумина ги остави без зборови, а многумина од нив се прашуваат дали навистина ова е истата личност која првпат се појави во видеото.

Валерија собрала голем број придружници токму поради нејзината неверојатна мејкап вештина.
Имено, во едно неодамнешно видео, горда шминкерка ги остави луѓето без зборови и многумина останаа воодушевени кога ја гледаа нејзината трансформација, пренесува The Sun.

Во првите неколку секунди таа го покажа своето лице без шминка, а откако мавташе со раката над лицето, ја покажа својата трансформација.

Кога целосно се нашминка и ја среди косата, беше тешко да се потврди дали се работи за истата синоока девојка.
„Потребен ни е целиот забрзан процес на шминкање“, „Нејзиниот нос е апсолутно променет“, се дел од коментарите.

Но, имаше и такви кои застанаа во одбрана на шминкерката откако неколку пати докажа дека навистина е таа.
Колку пати треба да се докаже за сите да веруваат дека се работи за истата личност? Ценете ја уметноста и дајте ѝ го заслуженото признание – е еден од коментарите.

И додека некои веруваат дека ова се многу вешти трикови за шминкање, една жена напишала дека нејзините вештини за шминкање се толку добри што луѓето мислат дека тоа е Ријана.

Некои обожаватели се прашуваа дали таа користела некаква сценска шминка за да добие постар изглед, а бидејќи нејзините вештини се толку импресивни, некои коментираа дека шминката треба да се забрани.

Да ги погледнете видеата кликнете ТУКА, ТУКА, ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *