July 18, 2024

Разбирањето на коњите, односно воспоставувањето комуникација со нив е многу важно за благосостојбата на коњите, како и за безбедноста на луѓето што работат со коњи. Важно е да се разберат нивниот јазик и говор на телото. За жал, комуникацијата во светот на мирисите не е достапна за луѓето.

Коњите гледаат во две бои, т.е. тие гледаат синкава, жолта и сива боја и не гледаат во црвено-зелениот дел од спектарот. Гледаат многу подобро во текот на ноќта, но послабо гледаат на длабочина од луѓето.

Коњите може да гледаат речиси сѐ околу нивното тело (односно 360 степени) затоа што имаат широк периферен вид. Околу половина гледаат со едното око и половина со другото (монокуларен вид). Пред себе, коњите гледаат со двете очи, во овој случај гледањето на левото и десното око им се преклопува, така што двогледниот вид е околу 65 проценти. Коњите не гледаат само три степени зад себе. Право во просторот пред нивните очи, односно во малиот простор на конусниот облик, коњите исто така не гледаат, тоа е т.н. слепа точка.

Коњите добро ги гледаат движењата, а тоа е важно за нивната комуникација. Ушите, очите, муцката, опашката, нозете и држењето на целото нивно тело се користат за комуникација со видот. Ако очите на коњот се широко отворени, тоа значи дека тој чувствува страв, напнатост или возбуда, а доколку неговите очи се полузатворени, тогаш тоа е знак на релаксација.

Кога коњот е опуштен, ушите му се малку подлегнати наназад, а кога е возбуден, внимателен и љубопитен, тогаш ушите му се кренати нагоре. Доколку неговите уши се целосно паднати наназад, речиси до вратот, во тој случај тоа се знаци на гнев, иритација или страв.

Кај задоволниот коњ, опашката е опуштена, а кога неговата опашка е крената, тоа покажува дека е возбуден. Ниската опашка спуштена помеѓу нозете значи дека коњот е исплашен, но тоа може да се должи и на ветрот. Мавтање со опашката, пак, значи дека коњот е лут или сака да избрка некој инсект.

Доколку се анализираат активноста и положбата не телото на коњот, може да се воочат неколку комуникациски сигнали. На пример, ако коњот ја подигнува главата нагоре, тоа значи дека е на штрек, а ако го продолжи вратот нанапред, тогаш или е агресивен или се подготвува да се одбрани. Ударот со копитото по земја е знак на фрустрација или болка, но тоа е нормално и пред хранење.

Фредерик Велики е можеби најубавиот коњ на светот, тврдат голем број корисници на социјалните мрежи.
На Фејсбук има голем број следбеници, а причина за тоа се неговата убава грива и изразените мускули.

Затоа Фредерик секојдневно собира илјадници лајкови со своите фотографии.
Неговиот сопственик наплаќа 7.500 долари за парење поради квалитетот на животното, како што се градбата, гривата, и достоинственото држење на телото.

Погледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *