July 21, 2024

Веганката, која шест години не користела шампон, била нападната од обожавателите кои ја нарекле „валкана“.
Лора Ешли (27) се откажала од конвенционалните производи, кои, како што тврди, и дале здрав изглед на косата.

Таа е шампион на методот „no poo“, движење каде луѓето не користат шампон.
Сопственичката на синџир за користена облека тврди дека тајната на нејзините бујни локни е само чешлањето на косата и миењето со вода.

Додека некои и даваат комплименти, други ја нарекуваат „валкана“ затоа што не користи шампон.
Обично споделува совети за нега на коса.

Тоа е како домашен проект. Се сеќавам дека мислев: „Можам ли сама да направам шампон? Дали навистина ми требаат сите овие производи? – изјави таа на една популарна социјална мрежа.

Мојата коса сега изгледа многу поздрава. Порано беше сосема рамна и постојано ја користев топлината и ја отежнував со производите. Сега само ја пуштам.

Убаво е – се будам, се истуширам и потоа се радувам со мојата коса. Тоа е и ментално поздраво бидејќи ви е важно да ви биде удобно. Не ми се потребни 40 минути за да ја средам косата наутро. Вака е поздраво и расте побрзо. заклучи таа.

Мојата рутина вклучува чешлање на косата пред туширање. Кога одам под туш, ја мијам со вода, масирајќи ја за да ја стимулирам, а потоа поминувам со широк чешел низ косата.

Кога излегувам, ја завиткувам косата во пешкир половина час и потоа ставам малку масло од арган и масло од рузмарин. Престанав да користам шампон од продавница бидејќи има премногу адитиви.

Откако ја сподели својата рутина на социјалните мрежи, многумина ја нарекоа „валкана“, додека други рекоа дека нејзините кадрици изгледаат прекрасно.
Коментарите воопшто не ми пречат. Се смеам на нивните ставови за мене и мојата коса.

Искрено, добивам многу комплименти за мојата коса. Воопшто не ме допираат коментарите за мојата коса. Тие се урнебесни. додаде таа.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *