April 13, 2024

Овој сируп е многу здрав и е наменет за луѓе кои имаат лоша крвна слика. После една недела ќе ги забележите првите промени, а за два месеци крвната слика ќе ви биде одлична.

Освен што ја подобрува крвната слика, сирупот од цвекло за многу кратко време значително го зајакнува имунитетот и сето тоа благодарение на големото количество минерали и витамини што ги има.

Покрај протеините, мастите и јаглехидратите, цвеклото содржи и минерали како што се калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, и други. Содржи и големи количини на витамини Б1, Б2, Ц, како и витамин Б12, кој е исклучително редок.

Антоцијанот му дава црвена боја на цвеклото, а истовремено влијае и на обновувањето на крвта, а постојат и студии кои велат дека има и антиканцерогено дејство.

Јодот го забавува процесот на стареење и го зајакнува здравјето на коските. Бетанинот го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ги чисти крвните садови и ја стимулира функцијата на црниот дроб.

За да подготвите сируп од цвекло, ќе ви требаат: 1 кг цвекло, половина килограм моркови,2 портокали, половина килограм кисела јаболка, 1 лимон,500 грама домашен мед

Подготовка: Излупете го и исечете цвеклото го на ситни парчиња. Потоа додадете ги сокот од портокал и лимон и медот. Добро измешајте сè и спијте во стаклено шише, пишува Хајат .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *