December 3, 2023

Дијабетесот тип 2 е болест која настанува кога панкреасот не произведува доволно инсулин, а еве како брзо и природно може да се намали вишокот шеќер во крвта, пишува „ Beautiful & Happy “.

Главните симптоми кои укажуваат на дијабетес тип 2 се често мокрење, постојана жед, замор и нагло слабеење, но најновите истражувања покажуваат дека ѓумбирот може да го регулира вишокот шеќер во крвта.

Студијата била спроведена на 88 пациенти со дијабетес кои земале по 3 грама ѓумбир секој ден во текот на 8 недели. Резултатите покажале дека шеќерот во крвта на пациентите паднал за повеќе од 10 проценти.

Освен што го намалува нивото на шеќер, ѓумбирот ги спречува дијабетичарите да се влошат и симптомите да се вратат.

Ѓумбирот можете да го земате свеж, во прав или преку таблети, а науката докажува дека е погоден и за пациенти кои страдаат од болки во зглобовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *