February 23, 2024

За јаткастите плодови контекст на здравата храна во последно време се повеќе се зборува, а нутриционистите наведуваат безброј причини кои говорат во прилог на тоа колку се добри за здравјето.

Но, ако треба да изберете само еден вид јаткасти плодови за консумирање, тоа дефинитивно треба да бидат ф’стаци . Тие се меѓу најстарите јаткасти плодови, а дури и римските владетели ги сметале за вистинско уживање.

Се препорачуваат за грицкање поради нивниот добар вкус, како и поради сите благодети кои ги имаат за организмот, а нутриционистите неодамна ги прогласија за најздрава ужина на светот. Постојат многу причини зошто тие треба да станат дел од вашата исхрана, а ова се само некои од нив:

Полни се со витамините А, Б6, Ц и Е , кои се важни за работата на срцето, го зајакнуваат имунолошкиот систем, штитат од штетно зрачење, а одлични се и за спречување на раk и за зачувување на нервниот систем. Тие се богати со магнезиум, железо, калциум, фосфор, цинк, манган, калиум и бакар.

Покрај тоа, тие содржат влакна кои се неопходни за здравјето на дигестивниот тракт. Затоа се препорачуваат за луѓе кои боледуваат од анемија бидејќи го подигнуваат железото. Освен тоа, доколку имате грчеви во стомакот, ф’стаците ќе ви помогнат да ја ублажите непријатноста.

Помогаат при губење на тежината, Фстаците го забрзуваат метаболизмот и ја регулираат тежината, а благодарение на влакната, протеините и мастите брзо создаваат чувство на ситост.

Тие го одржуваат срцето здраво. Докажано е дека фстаците го намалуваат LDL или лошиот холестерол и го зголемуваат HDL или добриот холестерол, по многу краток период на консумирање. Тие се богати со антиоксиданси, како што се витамин А и витамин Е. Тие исто така се борат со воспаление, ги штитат крвните садови и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Дури и многу мал внес на овие јаткасти плодови го зголемува нивото на лутеин.

Тие го спречуваат развојот на дијабетес,конзумирањето фстаци може да го спречи развојот на дијабетес тип 2. Тоа е затоа што 60 проценти од препорачаната дневна вредност на минералите на фосфор се содржани во една шолја фстаци. Не само што фосфорот ги разложува протеините во аминокиселини, туку помага и при толеранција на гликоза.

Го одржува здравјето на очите, фстаците содржат два каротеноиди кои ги нема во повеќето други јаткасти плодови, лутеин и зеаксантин. Тие дејствуваат како заштитни антиоксиданси, заштитувајќи го ткивото од слободните радикали. Тие се поврзани со намален ризик од развој на сенилна макуларна дегенерација, која е водечка причина за оштетување на видот и стекнато слепило.

Го забавува стареењето на кожата, фстаците се одличен извор на витамин Е, моќен антиоксиданс растворлив во масти, суштински за одржување на интегритетот на клеточната мембрана и често се препорачува за здрава и убава кожа. витамин Е одлично ја штити кожата од УВ зрачење, обезбедувајќи заштита од стареење и рак на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *