May 17, 2024

Телото испраќа предупредувачки сигнали. Срцев удар погодува некого приближно на секои 43 секунди. Се јавува кога протокот на крв кој носи кислород до срцевиот мускул е сериозно намален или целосно прекинат.

Ова се случува затоа што артериите кои го снабдуваат срцето со крв може полека да се стеснуваат поради насобраните масти и холестерол. Иако телото испраќа предупредувачки сигнали пред самиот срцев удар, ние често ги игнорираме.

Кај жените симптомите се често нетипични, па често не се поврзуваат со толку сериозна состојба, а жените кои преживеале срцев удар ќе се изненадат бидејќи мислат дека нивната телесна слабост е поради грип. Еве шест симптоми на срцев удар кои ги погодуваат жените.

Болка во грбот или рацете. Често се случува во текот на денот да имаме болки во грбот или раката, кои ги препишуваме на незгодна седечка положба, или некоја физичка активност што сме ја имале во текот на денот. Меѓутоа, ако болката е ненадејна и силна, а особено ако се појави во текот на ноќта, време е да посетите лекар.

Болка во стомакот и гадење, Симптом кој е типичен за труење со храна или вирус. Затоа жените ретко се сомневаат во срцев удар ако ги погоди силна абдоминална болка. Меѓутоа, ако оваа состојба не исчезне, а исто така чувствувате притисок во градите, веднаш посетете лекар.

Ладна пот, Оваа состојба често ја поврзуваме со стрес и нервоза, лош ден на работа или напнатост по кавга на партнерот. Ова е најчестиот симптом на срцев удар кај жените. Ако ова ви се случи прв пат, посетете го вашиот лекар.

Скратен здив и вртоглавица, Ако се чувствувате како да сте истрчале маратон а не сте трчале, време е сериозно да се грижите. Скратен здив и вртоглавица, особено во комбинација со некои други симптоми, се знак на тревога.

Необјаснив замор, секој дневните активности се голем напор за вас, да бидете уморни – тоа е причина за голема загриженост. Едно истражување покажува дека дури 70 отсто од жените кои преживеале срцев удар изјавиле дека се чувствувале уморни и еден месец пред тоа, пишува Лепа и Среќна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *