May 17, 2024

Русија го освои екипното злато во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг, а натпреварувањето го одбележа една тинејџерка.

Младата Русинка Камила Валиева (15) стана првата лизгачка во историјата која изведе целосен четирискок во олимписка конкуренција!

Маестро 15-годишната девојка изведе два совршени четирискока, го испроба и третиот, но за жал падна.
Русија го обезбеди златото пред женската слободна програма, а Валиева со голем стил го одбележа натпреварувањето.

За овој нереален настап и беше доделена оценка од 178,92, што е нешто повеќе од шест поени помалку од нејзиниот светски рекорд.

Дурга беше Каори Сакамото од Јапонија (148,66), а трета беше Медлин Шизас од Канада.

Русија за прв пат ја освои титулата во оваа екипна дисциплина, која на олимписката програма влезе во 2014 година во Сочи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *