July 14, 2024

Бутан е, по сите параметри, земја за живеење, тој е местото на најсреќните и веројатно најздравите луѓе во светот.
За Бутан нема што многу да се каже, доволно е да се каже дека во однос на нејзината територија е најзелена земја во светот и земја со најниско ниво на загаденост на воздухот.

Овде секојдневно се садат дрвја, се чуваат шуми и зелени површини, а тоа е традиција која се пренесува од колено на колено.

Животот се почитува во оваа земја, а за нив се е свето и важно. Нема убивање на животни, населението е претежно вегетаријанско и веганско, а и да има некој што јаде месо, тоа се увезува од Индија. Животните не се чуваат за храна.

Бутан зафаќа површина малку поголема од Makeдонија помала од Србија и има население од околу 800.000 жители, главно будисти, што го објаснува позитивниот став кон животот.

Една од интересните работи секако е фактот што таму во вторник не се пие алкохол. Во другите денови, кога ќе можете да го пиете омилениот пијалок, нема да смеете да запалите цигара, бидејќи пушењето се смета за грев.

Од 2010 година, производството и продажбата на тутунски производи е забрането.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *