February 24, 2024

ЕДЕН анонимен корисник на Редит опиша непријатно искуство што го имала со нејзиниот татко на сопствената свадба.

Во објава на Редит, таа рече дека на нејзината венчавка избила расправија, поради што таа им кажала на нејзиниот татко и неговата сопруга да го напуштат настанот. Се започна со фотографијата, односно од нејзината желба да се фотографира само со родителите.

„Ги сакав сите традиционални работи. Ако мајка ми се подготвуваше со мене, татко ми ќе ме придружуваше до олтарот…“, напиша таа.

Меѓутоа, новата сопруга на нејзиниот татко чувствувала дека нејзиниот татко сега е оженет со неа и дека не може да се фотографира сама со родителите. Таткото ја послушал својата нова сопруга и одбил да се фотографира без неа.

„Ми кажа дека многу ме сака, но дека на неговата сопруга тоа нема да и биде удобно“, напишала невестата.
Тоа довело до расправија, а таа повредена од неговиот избор му рекла да ја напушти венчавката. Наредниот ден и се јави во солзи, но таа не сакаше да го слушне неговото извинување.

„Му реков дека е добро да што има уште една ќерка и дека има можност да биде татко на невестата во еден момент“, рече таа, прашувајќи ги корисниците што мислат за ситуацијата.

„Тоа што го побаравте во никој случај не е неразумно, реакцијата на вашата маќеа беше претерана, а татко ви требаше да ви даде приоритет. Имате целосно право да бидете повредени“, напишал еден корисник.

„Проблемот не е во несигурноста на неговата сопруга, туку во неговата одлука да не и се спротивстави: Го изгуби сеќавањето што го имате еднаш во животот“, додал друг.

„Сите требаше да се наредите, со вас во средината, мама и тато до вас, а потоа требаше да му кажете на фотографот да зумира и да ги исече нивните нови партнери. Ја врамувате сликата и ја ставате во вашата куќа за да може вашата прекрасна маќеа да го види тоа при нејзината следна посета. Ситна одмазда“, предложи третиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *