June 25, 2024

Кога станува збор за нега на кожата, жените ширум светот ги имитираат Азијците кои имаат неверојатно чиста кожа. И корејските блогери открија нов трик за кој тврдат дека е одличен за кожата.

Најновиот тренд во чистењето на кожата вклучува миење со минерална вода, наместо со обична вода од чешма.
Овој метод на нега на кожата е по потекло од Јапонија, но е популарен во Кореја, каде жените тврдат дека минералната вода е „чудо“ за кожата , бидејќи ја чисти и зајакнува, давајќи и здрав сјај.

Корејската козметичарка Алиша Јун вели дека чистењето на лицето со минерална вода одамна е популарно во бањите во Кореја и Јапонија.

„Некои бањи долго време користат газирана вода за нега на кожата. Некои препорачуваат истурање вода во сад во кој потоа ќе го потопите лицето, но козметичарите генерално советуваат парче памучна волна да се натопи во минерална вода која потоа го чисти лицето – без грубо триење .

Велат дека има низа причини зошто миењето со минерална вода е добро за кожата на лицето.
Оваа вода не само што ги зајакнува влакната помеѓу колагенските клетки, туку помага и за одржување на цврстата кожа и за одржување на нејзиниот волумен, тврди Алиша.

Се вели дека минералната вода помага во чистење на порите без грубо влијание врз кожата.
За оние кои сакаат да го пробаат, козметичарот вели дека утринската рутина на миење со вода од чешма едноставно заменете ја со минерална вода – или едноставно измијте се со поливање вода во раката или натопете памукче и исчистете го лицето.

Експертите советуваат да не го правите ова секој ден додека кожата не се навикне и додаваат дека минералната вода е добра за сите типови на кожа, дури и за оние кои имаат чувствителна кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *