April 15, 2024

Тие што имаат испукани пети знаат каква мака е тоа. Освен што изгледаат грдо, испуканите пети се и исклучително болни, до таа мера што често крварат на секој чекор.

За да ги излекувате испуканите пети, потребно е да ги излупите стапалата така што ќе растворите сода бикарбона во вода, ќе додадете малку течен сапун и морска сол. Потопете ги стапалата во вода некое време, а потоа полека измијте ги под млаз топла вода.

Потоа пукнатините на кожата премачкајте ги со масло од чајно дрво и еукалиптус, но и со кокосово масло (по избор). Носете памучни чорапи и одморете ги стапалата.

Друг начин е да направите чај од камилица, дабова кора и коприва. Ставете една лажица од оваа смеса на литар вода и ставете ги стапалата во изладен чај.

По капењето болните рани се третираат со водород пероксид (дезинфекција), а третманот се повторува еднаш неделно.
Правилна исхрана.Недостатокот на витамин е главната причина за испукани пети. Затоа, неопходно е во исхраната да ги вклучите витамините А и Е, кои ќе ја направат вашата кожа еластична и мека. За да го постигнете ова, јадете:

морска риба,,морска храна,маслиново масло, кикирики, ленено масло,било кој орев,мешунки, домат.
Намалете ја количината на шеќер и можете да додадете рибино масло во вашата исхрана

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *