May 17, 2024

Девојката го запознала човекот преку Тиндер, била воодушевена и веднаш започнале врска, но по некое време се се претворило во пекол.

Го запознав човекот на мојот живот на Тиндер, тоа е мојата заблуда. Кога се отрезнив, сфатив дека сум во длабоки долгови, самоubиствена и во тешка депресија, а тој успеа да ми го уништи животот за само шест месеци врска – вели Сесили (33), Норвежанка која живее во Лондон.

Сесил на Тиндер го запознала Сајмон Леви со кој стапила во врска. Сајмон ѝ се претставил како трговец со дијаманти.

Тој беше убав, шармантен милионер кој ја собори од нозе. Расплетот на таа „љубов“ остави страшни последици врз неа, а сега на Нетфликс е снимен документарен филм за нејзината приказна „The Tinder Swidler“.

Излегува дека Сајмон (31) најмалку во последните седум години лови жртви на Тиндер, мавтајќи им пред очи со луксузните парчиња облека, автомобили и дијаманти кои наводно ги поседува. Кога една жена е маѓепсана,

започнува стандардната приказна за измамникот – неговата банкарска сметка одеднаш е замрзната и му треба помош. Тој досега собрал 7,4 милиони фунти преку овие измами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *