April 10, 2024

Внуката на Лепа Брена неверојатно изгледа како фолк ѕвездата..

Лепа Брена потекнува од музичко семејство. И нејзината постара сестра Факета и братот Фарук имаат дарба за оваа уметност. Фарук се занимава со продукција и свири хармоника, додека Факета си го живее животот на поинаков начин. И на друг континент: со децении живее во Канада со своето семејство.

Бидејќи изминативе две години немаше многу концерти поради познат проблем, фолк дивата имаше повеќе слободни денови. Ги користела за одмори, патувања и средби со семејството. А бидејќи многу личи на нејзината постара сестра, не е ни чудо што ќерката на Факета е пресликана тетка.

-Јас сум нејзината незаконска ќерка – се пошегува Мајда Стојановиќ во разговор за Прва, а нејзиниот глас на многумина тогаш им звучеше познато. Открила дека луѓето често ја запираат на улица и велат дека личи на Брена.

Сестрата на Лепа Брена живее во Келоун, град во западна Канада меѓу Ванкувер и Калгари, со својот сопруг со кој се омажила во 2012 година, со син и ќерка. До нејзиното име на Инстаграм стои професијата: „застапник за свесност за аутизмот“. Значи, таа е експерт за подигање на свеста за аутизмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *