May 17, 2024

Ако често се појавува влага на вашите прозорци, на крајот може да доведе до формирање на мувла во просториите

Во текот на зимата, кога го вклучуваме греењето во становите , често се случува на прозорските стакла да се појават капки вода или кондензирана пареа.

Едноставно, кога влагата во воздухот ќе стигне до студеното сакло, таа се претвора во капки, а за да ја решите оваа ситуација потребен ви е еден многу едноставен трик.

Ако влагата често се појавува на вашите прозорци, тоа може да доведе до создавање на влага во просториите и мувла околу прозорците , па дури и на ѕидовите и другите површини каде што се акумулира.

Еден корисник на Фејсбук кој се регистрира како г-ѓа Хин постави прашање на оваа социјална мрежа како да се ослободите од влагата од прозорецот.

Вакви капки се таложат на секој прозорец во мојот стан и мислам дека долгорочно е лошо за нашето здравје, бидејќи од влагата се создава мувла – напишала оваа жена за својот проблем.

Таа набрзо добила конкретен одговор од еден корисник на оваа социјална мрежа:
Истурете малку песок што се користи за тоалет за мачки во стара чорапна или платнена торба и ставете ја на прозорецот.

Решението е евтино и можете да го користите со години, а навистина помага – одговорила жената која се претставила како Линда.

Песокот ја впива влагата, па нема да се појави на прозорците, што го спречува појавувањето на мувла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *