
Хмељот е многу добар природен седатив, па затоа се користи како лек за болести на нервниот систем, поточно за смирување на нервите и како природен лек за несоница.




Ја ублажува нервозата, немирот, стресот, го поттикнува спиењето и ги зајакнува нервите, пишува „ Доктор на домот “.
Растението хмељ содржи и висок процент на хормони многу слични на естрогенот, па затоа е корисно за жените.




Чајот од хмељ е добар за пиење за време на менструацијата бидејќи делува смирувачки.




Општо е познато дека растението хмељ многу успешно го отвора апетитот и предизвикува пријатна потреба за храна. Содржи горчливи материи и на тој начин го поттикнува варењето.




Чај од хмељ Чајот од хмељ се користи за лекување на недостаток на апетит и за опуштање, а се подготвува така што една лажица цветови од хмељ се прелива со една шолја врела вода и се остава да отстои само десет минути. После тоа, чајот се процедува и се засладува со мед. Пијте во мали голтки, пред јадење или половина час пред спиење.
ЗАБЕЛЕШКА
Во поголема мера, хмељот предизвикува труење кое се манифестира преку гадење, повраќање, главоболки, забавување на циркулацијата и слично.