June 25, 2024

Корисничка на Тикток објави видео во кое раскажува како веднаш знаела дека нејзиниот вереник ја изневерува откако сменил една суптилна работа.

“Моментот кога требаше да знам дека мојот поранешен вереник ме изневерува беше моментот кога почна да ме бакнува поинаку. На тоа многу добро се сеќавам”, започнала таа.

„Една вечер дојде дома и кога ме бакна беше поинаку, како да е странец. Му кажав за тоа, а тој ми одговори дека сум параноична и барам причини да му се лутам“.

Таа рече дека на почетокот му верувала, но сега се кае. “Требаше да бидам попаметна. Никој не се буди еден ден и не почнува да се бакнува поинаку. Стилот на бакнување не се менува, стилот на бакнување се менува само кога бакнувате друга личност”, заклучила таа.

Многу коментатори и рекоа дека ја разбираат. Женската интуиција не е погрешна“, напишал корисникот.

„Причината поради која знаеме кога изневеруваат е тоа што можеме да почувствуваме нова енергија од новата личност со која биле“, додаде друг.

„Лудо е како забележуваме ситници како бакнеж“, заклучи третиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *