
87-годишниот старец, кој не се измил 67 години, а преживува јадејќи ѓубре, ги збунил научниците кои потврдуваат дека е во добра здравствена состојба.




Аму Хаџи од Иран тврди дека не се капел со децении, бидејќи верувал дека тоа ќе му донесе лоша среќа и на крајот ќе го убие. Тој исто така вели дека неговата исхрана се состои главно од трупови што ги наоѓа на патот и дека пие вода директно од баричките на улица.




Тој вели дека неговиот необичен животен избор го отежнувал стекнувањето пријатели или пронаоѓањето девојка. А една од неговите омилени активности е „пушење луле исполнето со животинско ѓубриво“.




Но, тој ги импресионираше истражувачите кои велат дека е совршено здрав.




Селаните во Иран биле толку воодушевени од неговата посветеност на неконвенционален начин на живот што му изградиле мала колиба како алтернатива на дупката на Хаџи во земјата.




Лекарите кои посетиле колиба во селото Деига во Иран направиле неколку тестови и рекле дека и покрај неговиот начин на живот, Хаџи е изненадувачки здрав и без сериозни болести или бактерии.