
Порталот „Дали се сеќаваш“, кој е опишан како „најголемата заедница на носталгичари и вљубеници во 40-тите, 50-тите и 60-тите години“, објави приказна која брзо стана вирална.




Имено, во далечната 1954 година, една девојка ја изгубила чантата, а истата била пронајдена шест децении подоцна, речиси недопрена! Додека рушеле средно училиште во Индијана, некој ја нашол зад стар шкаф.




Да не беа работите пронајдени во чантата, тешко ќе се процени од кој период и година чантата е изгубена, земајќи ја предвид модата која постојано се враќа.




Меѓутоа, пронајдените предмети во чантата, меѓу кои и личната карта, докажуваат дека се работи за чантата на Мартина од 1954 година.




Покрај личната карта и картичката за социјално осигурување, имаше исечоци од весници, распоред за кошарка во средното училиште Џеферсон од 1953-1954 година, кармин, омоти за гуми за џвакање Juicy Fruit, распоред на автобуси и неколку пораки напишани на хартија.




Лицето кое го пронашло, објавило објава на Фејсбук, а благодарение на технологијата набрзо е вратено во рацете на сопственикот кој живее на Флорида.