April 12, 2024

Она што е интересно е тоа што манекенката евидентно била и остана една од најубавите жени на светот…

Една од најпознатите манекенки Адриана Лима на својот Инстаграм профил сподели фотографија од минатото на која се гледа како изгледала на почетокот на кариерата.

Четириесетгодишната манекенка е една од најуспешните ангели на Викторија. Таа владее на светската сцена и понатаму, иако со моделингот се занимава веќе 21 година.

Она што ги изненади сите е тоа што на својот Инстаграм профил, поточно на стори сподели објава на која се споени две фотографии, каде означи дека на таа од десно има 40, а на таа од лево 22 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *