February 24, 2024

Young couple arguing

Не е невообичаено луѓето да чувствуваат лутина, бес, разочарување по раскинувањето, па поради тоа кажуваат некои груби работи за кои подоцна се каат.

Често постои желба за одмазда на страната на повредените, но гласот на разумот и текот на времето обично ги спречува да направат нешто премногу екстремно. Сепак, има и такви случаи.

Девојката по име Кејти Берсфорд објави видео на кое покажува како веќе некое време му се одмаздува на бившиот и ги шокираше луѓето со постапката. Таа му доаѓа дома секој ден и вметнува сирова риба низ отворот на поштата!

На социјалната мрежа ТикТок, каде го објави видеото, таа започна голема дискусија, но и многу осудувачки коментари и критики: „Опседната си со него, оди лечи се“, и напиша некој.

По лавината грди коментари, Кети рекла дека се е само шега и дека рибата ја вметнала преку пошта само еднаш – и тоа не на поранешни, туку на непознати луѓе.

Ниту таа изјава не ја намали осудата, бидејќи на многумина не им е јасно зошто некому би направила такво нешто, а малкумина се сомневаат дека тоа го кажала само за да се извлече од ситуацијата.

Девојката тогаш повеќе не се огласила. Погледнете го видеото:

https://www.tiktok.com/@katieber5/video/7048323085346344198?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id6979192764714485254

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *