June 20, 2024

Неверојатно видео од улична тепачка ја обиколи целата планета. Имено, пред влезот на еден „Мекдоналдс“ во Велика Британија избила тепачка во која главна улога ја имал поранешен 92-годишен боксер.

Неколку луѓе го нападнале дедото, не знаејќи дека е подготвен да возврати.

Пресметката траела неколку минути, а виталниот старец успеал да ги нокаутира тројцата напаѓачи. Во неколку наврати испрати двајца на подот и не се откажа. Му се допадна борбата, па секој пат се враќаше да ја заврши работата.

На крајот малку му снемало сила, па еден дечко успеал да го собори, но за разлика од ривалите, дедото брзо станал на нозе.

Една жена упорно се обидувала да ја прекине тепачката, но воинствениот дедо ја тргал на страна, сакал да им покаже на мангупите со кого нашле да се задеваат.

Во описот на видеото, кое ги запали социјалните мрежи, се наведува дека старецот има 92 години и бил поранешен професионален боксер, но неговото име не е објавено.

Многу корисници на социјалните мрежи изразија сомнеж дека овој човек е навистина толку стар, бидејќи е неверојатно подвижен и силен за своите години.

 

https://twitter.com/i/status/1571054142680080384

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *