May 17, 2024

Карл Смит имал само 12 години кога се удавил на училишна екскурзија во Јужен Велс во 1947 година. Во изминатите 70 години некој секоја година оставал цвеќиња и песни на гробот на починатото момче,

а семејството секогаш се прашувало кој го прави тоа. Но, тајната беше откриена во 2017 година.
Утврдено е дека Роналд Сејмур-Вестборог бил со дванаесетгодишниот Карл во моментот на неговата смрт.

Сепак, Роналд е одговорен само за цвеќињата, но не и за песните што некој редовно ги остава на гробот на Карл Смит.

Неговата сестра, Ен Сајрус, рече дека е чудо што го открила Сејмур-Вестборо по толку многу години. Тој и Карл биле најдобри пријатели во извидниците и делеле шатор ноќта пред трагично да почине Карл.

Следниот ден, Роналд го нашол својот пријател удавен во морето. Тој рече дека не знаел дека семејството на починатиот Карл го бара, ниту дека има сестра.

Ен и Роналд за прв пат се сретнаа во емисијата на Би-Би-Си „Странецот на гробот на мојот брат“, која ја откри оваа мистерија, пишува „ Објектив “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *